Ружин: Ципрас вели – јас и Заев сме како браќа!

Празнични честитки од Ципрас
На средбата со гостите од Македонија, грчкиот премиер ја пренел и неговата честитка за Нова Година и Божик до сите наши граѓани, со желба двете земји идните прослави да ги дочекаат без никакви билатерални проблеми.
„Во тој пријатен и спонтан разговор, реков дека господинот Ципрас во многу нешта е сличен со нашиот премиер Заев, на што тој низ насмевка одговори: ‘Да, да, ние сме како браќа’“, раскажува Ружин.
Средбата е остварена во многу фреквентен ден за грчкиот премиер: расправа за првиот буџет во периодот по завршувањето на финансиска помош за Грција, и негова подготовка за службен пат во странство. Но, како што вели Ружин, периодот бил фреквентен и за неговиот пријател, грчкиот европратеник Стелиос Колуглу, кој ја подржа номинацијата на двајцата премиери.
Професорот Нано Ружин и грчкиот премиер Алексис Ципрас
„Мојот пријател Стелиос, кој е и писател, во недела се жени и има свадбена церемонија во Атина. Тој и неговата избраничка, новинарката Фотини Ламприди, со цел да присуствуваат во Македонија на значајната номинација на двајцата премиери за Нобеловата награда, го откажаа планираното предсвадбено патување во Шпанија. Решија деновите пред нивната свадба да ги поминат во Скопје“, вели Ружин.
Импресии од вчерашната средба во Атина објави и менаџерот на ФОН, Сефер Цаноски на Фејсбук, потенцирајќи дека Ципрас со задоволство ја прифатил номинацијата за Нобеловата награда за мир.
„Тие (Заев и Ципрас- н.з) како лидери на новото време имаа храброст и визија да излезат од стереотипните политики кои се водеа со децении наназад, со една единствена цел – да градиме нормални, добрососедски и пријателски односи“, пишува Цаноски, со став дека „Ципрас и Заев заслужуваат да бидат новите лауреати на Нобеловата награда за мир“.
Модел за решавање на споровите
Сите грчки медиуми ја објавија веста за средбата во Атина, на која премиерот бил информиран за номинацијата. Грчката новинска агенција објави дека „Ципрас ѝ се заблагодарил на нобеловката и голем борец за мир, Уидидед Бушамауи, за иницијативата да го предложи него и неговиот македонски колега Зоран Заев за големата награда, во знак на признание за Преспанскиот договор, како модел за дијалог и мирно решавање на споровите“. Тој со нобеловката разговарал и за случувањата во Тунис и за нејзината посветеност на мирот и стабилноста во нејзината земја.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.