skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

РСМ пред добивање на датум за преговори со ЕУ – разговор со Алберт Муслиу

РСМ пред добивање на датум за преговори со ЕУ – разговор со Алберт Муслиу
  • 17.06.2019

Во вторник министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ ќе заседаваат во Луксембург. Министрите треба да одлучат дали и кога Северна Македонија ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ. На оваа тема во Отвореното Студио 1 со уредникот Сашо Ордановски зборуваше политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, кој вели дека почетокот на преговори не е поврзан со внатрешната политика на земјата.

-Кога се најавуваше пред неколку месеци дека ќе се направат компормиси за некои законски решенија укажав дека најбитното беше што добивме покана за членство на НАТО. Со поканата за членство добивме правец за движење на државата, се друго се денови во прашање. Кај владејачкото мнозинство има стрес, трема, но за мене најбитно беше што добивме чист извештај, поддршка од ЕК и јасно е дека почетокот на преговори или датумот нема врска со домашно сработената работа, вели Муслиу.

Муслиу зборуваше и за премиерот Зоран Заев кој ја исклучи можноста за предвремени избори.

-Тоа беше притисок и до нашите европски и евроатлански партнери. Имавме ставови на високи функционери на американската администрација во врска со датумот и што Македонија треба да претставува за околните држави.Тоа беше дополнително охрабрување. За жал кај нас било кое водење на конструктивна политика кон надвор се злоупотребува внатрешно, смета Муслиу.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top