skip to Main Content

Речиси половина од граѓаните на Македонија не прочитале ниту една книга во годината – покажуваат анкетите

Речиси половина од граѓаните на Македонија не прочитале ниту една книга во годината – покажуваат анкетите
  • 27.12.2018

Многу мал број на граѓани во Република Македонија посетуваат настани од културата, а уште помал број од нив читале книги во последната година. Податоците од анкетата објавена во дел од медиумите, покажале дека близу 430 испитаници биле на концерт годинава, додека пак на ликовна изложба биле 170 испитаници, 420 биле во кино а на прашањето за тоа колку од граѓаните слушаат музика потврдно одговориле 630 испитаници од кои 160 слушаат се. Кога станува збор за телевизија 220 одговориле дека воопшто и не ни посветуваат внимание на телевизијата а во најголем дел испитаниците гледаат само вести, а радио потврдиле дека слушаат само 250 испитаници. Дури 490 испитаници од испрашаните 690 одговориле дека воопшто не читаат списанија и весници бидејќи информациите им се достапни на интернет преку социјалните мрежи. Но најмногу изненадува податокот дека од нив дури две четвртини во изминатава година не прочитале ниту една книга

Само 240 од испитаниците одговориле дека се задоволни од културата во Република Македонија додека пак 450 одговориле негативно а најголемиот дел од нив културата во земјава ја оцениле со двојка.

Културни настани кои испитаниците ги издвоиле како најзначајни на годината биле концертот на Здравко Чолиќ и Виноскоп.

За личности на годината од културата се избрани Горан Стефановски, Сашко Коцев и Милчо Манчевски.

Анкетата била направена на 690 испитаници, кои во најголем дел биле од град, на најразлична возраст, професии и образование. Од нив 630 биле жени, а 60 мажи, додека пак, 290 студенти, 50 пензионери и 350 вработени во други различни професии. Според возраста 190 биле од 31 до 40 години, 110 од 21 до 30 години, 110 до 20 години, 120 од 41 до 50 години и други. Според образованието 390 биле со високо, а 280 со средно образование.

Back To Top