skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Ременски: Македонија и македонското е во секој еден граѓанин

Ременски: Македонија и македонското е во секој еден граѓанин
  • 08.09.2018

– Историјата сведочи дека Македонецот опстојувал и опстои, се бори за себе и се докажува само кога е исправен пред историски предизвик. А тогаш, тогаш Македонецот секогаш знаел да продолжи да се бори, да опстојува и да се докажува. Така било некогаш, така е и денес. Не сите и во минатото и денес знаеле/знаат да го препознаат историскиот момент и предизвик што ќе ги оддржи; и, не сите тогаш и сега знаат да докажат и покажат што е вистинскиот македонски патриотизам и како се штити македонското.

Низ премрежјата минати и сегашни, многумина промениле и вера и национална припадност, држави – заради страв, привилегија, незнаење, желба или присила. Тие кои не го сториле биле водачи на оние кои низ предизвиците оделе напред. Изоделе долг пат, години, децени и векови до денес за да ја пренесат пораката на оние кои водат и знаат да ја прочитаат таа порака, а таа е дека оваа земја низ историјата ја нарекувале, именувале и присвојувале …, сме биле и под турско, под српско, бугарско, но сме останале земја македонска – една и единствена. Затоа што Македонија и македонското не ниту во северното, ниту во јужното, ниту во источното или западното; таа не е во зборот, придавката. Македонија и македонското е во секој еден граѓанин кој тука и ширум светот го носат во себе и со себе својот македонски јазик и копнеж за подобра иднина за себе, на своите тука и каде или каде да се. Македонија и макефонското се брани со желбата и одлуката да се избере пат за подобра иднина тука, наспроти пат за миграција надвор.

Тие што заговараат и шират параноја дека, Македонија и Македонците ќе исчезнат и ќе ги снема, тие се сомневаат дека воопшто Македонеците постоеле. Затоа, современиот предизвик за континуитет и национален развој на Македонецот и македонското лежи во свеста за предизвикот утре и непоколебливост пред себеидентификацијата како Македонец под притисок на гола манипулација од оние кои и во минатото и денес фрлале/аат сомнеж на Македонија, македонскиот идентитет и македонскиот јазик како константи кои не се менува ниту денес. Напротив, тие константи добиваат меѓународна потврда и од оние кои историски и денес не негирале од надвор и од внатре и се самонегирале себе си. Тој што се сомнева дека ќе постои, се сомнева дека воопшто постоел. Тој се плаши од предизвикот да го продолжи и обезбеди континуитетот и прогресот на Македонија таму каде што таа припаѓа – во светот на прогресивните сили со нејзините пријатели и поддржувачи. Да живее Македонија!, истакна Фросина Ременски, по повод денешниот празник 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Back To Top