„Додека се делат лекции за морал, етика и одговорност за Павле, може и да научиме нешто.

Павле не негираше снимка и негов глас во стилот “сечено, лепено, монтирано” и имаше храброст да се пријави во полиција и во обвинителство за тоа што го порачал. Спремен е да одговори на сите заинтересирани и не бега од линчот и епитетите кои толку многу му ги наредија. Истиот тој Павле ќе ја свика и ќе ја води седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на азилантот Никола Груевски кој го слушавме сите што се порачувал, барал и наредувал. Но, тој никогаш не призна дека снимките се автентични и не се сечени, лепени и монтирани, и далеку е од чувството на морал или храброст да се пријави во полиција и да каже каков е неговиот ќар од тоа што го порачуваше – провизии, уништување на судбини, прогони, шамари, луксуз, прикривање на убиства …

„Неморалниот и неодговорниот” Павле ја има доблеста да го трпи линчот од моралистите спинери и нивните извршители кои сакаат да се подзаборави на мандатот на големиот поштењачина Груевски.

Како тргнале можеби ќе дознаеме и како избега …, преку сечено, лепено и монтирано.

До тогаш … Живели моралисти !“, пишува Ременски.