skip to Main Content

Ременски: Не чувствувам вина – ќе соработувам со обвинителството

Ременски: Не чувствувам вина – ќе соработувам со обвинителството
  • 10.10.2019

По распитот во Кривичниот суд осомничената пратеничка Фросина Ременски пред новинарите изјави дека за проширената истрага за Рекет во која таа е осомничена дека со својот авторитет оставила впечаток дека зад проектите на Меѓународен сојуз стои извршната власт, не се чувствува виновна.

По распитот таа изјави дека ќе соработува со обвинителството за целосно расчистување на случајот но дека нема намера да поднесе оставка од функциите се додека не се докаже нејзината вина. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за Ременски бара мерки на претпазливост, дали ова барање ќе биде прифатено Кривичниот суд ќе информира во текот на денот.

извор:либертас.мк

Back To Top