skip to Main Content

„Реалности и митови за интеграцијата на Република Македонија во НАТО“

„Реалности и митови за интеграцијата на Република Македонија во НАТО“
  • 26.04.2018

Во организација на Центарот за економски политики, анализи и консалтинг – ЦЕПАК а со поддршка од НАТО Дивизијата за јавна дипломатија од Брисел, се одржа конференција Работи локално, делувај национално, размислувај глобално, на која  учествуваа голем број на претставници на локалните власти (градоначалници, претседатели на советите и членови на Воветите од општините во Република Македонија) во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Посебно беше изразена позитивната слика за конференцијата, од причина што сите присутните изразија задоволство од можноста за учество и потребата од информации за НАТО и на локално ниво, како локални власти. 

На конференцијата со свои предавања пред присутните се обратија Националниот координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО, Проф. д-р Стево Пендаровски, поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски,  Бобан Стојановиќ, Сафет Бишевац , а за време на панелот  се обрати и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО,  Горазд Бартол.

На конференција Работи локално, делувај национално, размислувај глобално од страна на предавачите беа обработени темите: Реалности и митови за интеграцијата на Република Македонија во НАТО, Развиени комуникации во процесот на пренесување на вистинските информации/факти за НАТО на локално ниво и НАТО политика на отворени врати, по што следуваше панел дискусија.

Back To Top