skip to Main Content

Рашковски: До небо се извинувам до сите кои се нашле навредени во разговорите

Рашковски: До небо се извинувам до сите кои се нашле навредени во разговорите
  • 02.07.2019

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски денеска се извини на лицата и државите кои се нашле навредени во објавената „бомба“ за тендерот за набавка на радарски систем.

-Жално е кога партија која 11 години беше на власт, не знае кои се ингеренциите на генерален секретар на Владата. Жално е заради тоа што компанијата М-НАВ е во целосна сопственост на Македонија. Ние слушнавме во бомбите со што се занимавал генералниот секретар за време на ВМРО-ДПМНЕ. Најверојатно со некои други документчиња. Во 2013 година, Собранието носи закон со кој се одобрува заемот за модернизирање на М-НАВ. Откако се потпишува договорот, се изготвува тендерска спецификација. Тој е потпишан и одобрен од Живко Поповски, татко на Никола Поповски. ВМРО-ДПМНЕ постојано држеше прес конференции против мене, но на некои луѓе не треба да им простувате, затоа што на добрината ви враќаат со лошо. До небо се извинувам на сите кои се нашле повредени во оваа верзија од разговорите, се извинувам и до Италија, ромската заедница, каде имам мал милион пријатели, истакна Рашковски.

За случајот со радарите кои останале без сигнал во септември е разговарано на затворена владина седница, но информациите се класифицирани бидејќи станува збор за доказна постапка во Обвинителството. По носење на одлуките од страна на Обвинителството, информациите ќе бидат јавни, потврди Рашковски на прес-конференцијата во Владата.

Прашан зошто инцидентот се случил во септември, а Владата за ова разговарала минатата недела, Рашковски појасни дека за ова е разговарано на првата владина седница по добивањето на извештајот за овој случај од страна на Комитетот за воздухопловни несреќи.

Back To Top