Рама: Отворањето на преговорите за Албанија и за Северна Македонија ќе биде најпаметна одлука на ЕУ

Отворањето на преговорите за Албанија и за Северна Македонија ќе биде најпаметна одлука на ЕУ, порачал албанскиот премиер Еди Рама од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации, пренесува локално.мк.
-Давањето позитивен одговор на Албанија и Северна Македонија на 18 октомври за нивната амбиција да започнат преговори за членство, нема да биде обична награда заснована врз нивните заслуги, туку стратегиски ќе биде најпамената одлука што ЕУ би ја донесела,оценил Рама.
Посочил дека регионалната стабилност, безбедноста, напредокот и демократијата во регионот може да се гарантираат единствено од европската перспектива.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.