skip to Main Content

Разрешен претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски

Разрешен претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски
  • 10.09.2019

Судскиот совет, со 8 гласа „за“, го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховен суд и судија по две години неуспешни обиди да се најде мнозинство за негово разрешување.

Покрај Вангеловски, разрешена е судијка од Врховниот суд Рахилка Стојковска, како и уште еден судија, чиј идентитет засега е непознат.

Врховните судии се разрешени поради несовесно вршење на функцијата и незаконитости околу одлуката бизнисменот Сеад Кочан да се брани од слобода. Со три гласа „за“, пред 2 години Вангеловски и двајцата судии го ослободија избеганиот Кочан од притвор.

На општа седница, без мнозински изгласана одлука дека Државниот јавен обвинител (тогаш Марко Зврлевски) може да се меша во предметите на СЈО, Јово Вангеловски прими БЗЗ од Ацо Колевски и со тоа го спаси Кочан од притвор.

Разрешените судии, заедно со Вангеловски, имаат право да поднесат жалба за одлуката на Судскиот совет до Врховниот суд. Неофицијално, нов В.Д. претседател на Врховен е судијата Фаик Арслани

Back To Top