skip to Main Content

Радмила Шекеринска прва ѕвезда на самитот на НАТО во Брисел

Радмила Шекеринска прва ѕвезда на самитот на НАТО во Брисел
  • 19.02.2019

По завршувањето на самитот на НАТО во Брисел, генерален впечаток е дека првиот човек на македонската армија, министерката за одбрана Радмила Шекеринска беше пречекана како најголема ѕвезда на овој исклучително важен самит за нашата држава, но според многумина и за целата алијанса.

Со широко отворени раце и искрени и топли зборови ,како и честитки за покажаната храброст и лидерство, од американскиот министер за одбрана па се до генералниот секретар на НАТО Столтенберг, министерот Шекеринска остави општ впечаток на рамноправен и крајно респектабилен партнер.

Заклучок е дека ова беше состанок за Македонија како и за самата алијанса, бидејќи според зборовите на многумина високи преставници – ова не е обично проширување во очите на земјите членки.

Од она што можеше да се забележи на самитот е фактот дека Шекеринска беше првата ѕвезда на настанот – со бројни средби, меѓу кои и со грчкиот министер за одбрана на која како што дознаваме имало една невидена отвореност и конструктивност во разгворот, се со желба двете држави да им покажат на граѓаните и на Грција и на Северна Македонија дека следуваат многу подобри времиња и за двете држави, а на која средба се договорени соработки на билатерално, регионално и на ниво на НАТО.

Токму оваа средба е прокоментирана како една од ѕвездените моменти на самитот заедно со средбата со американскиот министер за одбрана.

Фактот дека Шекеринска се виде со сите – од турскиот министер, до белгискиот, британскиот, говори за интересот на НАТО силите што поскоро да ја видат Македонија на местото кое што го заслужува.

Како што јавуваат известувачите од настанот – севкупен заклучок е дека на НАТО самитот во Брисел никој не остана рамнодушен за борбеноста, лидерството, желбата и харизмата на министерката за одбрана Шекеринска.

Back To Top