skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Професорската тројка: Пендаровски, Силјановска и Река официјално во претседателската трка

Професорската тројка: Пендаровски, Силјановска и Река официјално во претседателската трка
  • 11.03.2019

Професорската тројка-Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река официјално ќе се тркаат за претседателската фотелја, потврдија од Државната изборна комисија. Од вкупно 9 претседателски кандидати, само овие тројца собрале доволно потписи од граганите. За Пендаровски се потпишале 31,729 , на Силјановска својот глас и го дале 15, 965 грагани, додека  Река  добил поддршка од  11, 128 лица. Останатите шестмина се далеку под потребниот законски минимум од 10 000. На еден  од потенцијалните кандиати, поддршка му дале само тројца  граѓани.Не  знаеме дали се тоа членовите на неговото семејество.

Освен ова, Пендаровски и Силјановска имаат поддршка и од најмалку 30 пратеници. За разлика од нив Река  не се потпрел на пратеники гласови,туку само на граѓаните.

Гугучевска соопшти и дека во тек е пријавувањето за гласање во странство. Одзивот е слаб. До сега до ДИК стигнале само 960 пријави.

Од ДИК соопштија и дека на граѓаните им останува уште 3 дена да проверат дали ги има во избирачкиот список. Според последните информации, до сега 50 000 лица  направиле проверка.

Back To Top