skip to Main Content

Професионален војник повреден за време на вежба

Професионален војник повреден за време на вежба
  • 29.05.2018

Триесет и петгодишен професионален војник од Скопје се повредил вчера при изведување на воена вежба за боево гаѓање со рачен ракетен фрлач. 

Како што соопшти МВР, инцидентот во Полициската станица Неготино бил пријавен вчера во 12:10 часот непосредно откако се случил од страна на Воена полиција при Министерството за одбрана. 

Со возило на Итната медицинска помош повредениот војник бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

За настанот запознат бил Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициската станица Неготино и припадници од Воената полиција при Министерството за одбрана.

Back To Top