skip to Main Content

Протоколот за ратификација на членството на Северна Македонија во НАТО пред француската влада

Протоколот за ратификација на членството на Северна Македонија во НАТО пред француската влада
  • 17.07.2019

Француската влада на денешниот министерски совет го разгледа Предлог-законот за  одобрување на ратификацијата на Протоколот од Северноатлантската спогодба за пристапување на Република Северна Македонија, претставен од министерот за Европа и надворешни работи.

–Влегувањето во сила на протоколот кон Северно-атлантскиот договор за пристапување на Северна Македонија ќе ѝ овозможи на оваа земја да стане 30-та членка на Атлантската алијанса, кога 29-те земји-членки на НАТО гќе известат дека го ратификувале протоколот“, се вели во соопштението на француската влада.

–Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на алијансата како целина, се вели понатаму.

Притоа од француската влада се нагласува дека „Франција ќе остане особено внимателна во однос на клучните принципи на процесот на проширување на НАТО, кои се проценка на сопствените заслуги на земјите кандидати и нивниот придонес во безбедноста на евроатлантската област.“

По претставувањето на предлог-законот на министерскиот совет, истиот влегува во парламентарна постапка каде ќе треба да биде изгласан од Националното собрание и Сенатот.

Back To Top