skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Протест во грчкиот град Вергина против Договорот од Преспа

Протест во грчкиот град Вергина против Договорот од Преспа
  • 10.07.2018

Стотици граѓани, меѓу кои и свештени лица и префектот на грчката област централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас, вчера се собраа на плоштадот во Вергина да протестираат против Договорот од Преспа.

Со грчки знамиња и извици „Македонија е грчка“, „Овој договор е предавство“, „Тргнете ги рацете од Македонија“, „Грција, Грција, Македонија“, „Не отстапуваме“, „Ние не ја распродаваме Македонија“, граѓаните ја испратија нивната порака дека не го прифаќаат договорот.

На присутните им се обрати и митрополитот од Верија, Науса и Кабаниа, Пантелејмон кој рече дека Договорот од Преспа е против интересите на грчкиот народ и дека другата страна земал сѐ, а Грција не добила ништо.

-Ако нашите соседи се Македонци, тогаш ние што сме?, се запраша грчкиот митрополит.

Кусо пред закажаниот термин за собирот, организаторите објавија дека протестот, поради лошите временски услови се одложува, но подоцна се премислија и собирот сепак се одржа, јави дописничката на МИА од Атина.

Back To Top