skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Промовиран проектот за реконструкција на Музејот на албанската азбука

Промовиран проектот за реконструкција на Музејот на албанската азбука
  • 14.06.2019

Во Битола денеска се одржа промоција на проектот за реконструкција на Музејот на албанската азбука, за што се предвидени 234.000 евра.

Реконструкцијата на Музејот, е предвидена во рамки на проектот „Музеи кои ги поврзуваат културите ги поврзуваат народите“, чија цел, како што рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, е создавање на услови за поголема хармонија во општеството.

Проектот е дел од Програмата за прекугранична соработка „Грција и Македонија 2014-2020“, а се реализира во рамки на Договорот за партнерство, за кој, од страна на Европската Унија и земјите-членки во програмата, се обезбедени средства во висина од 780.628 евра.

Фазлиу изрази задоволство од реализацијата на овој проект, додавајќи дека културниот простор е широк, сестран и не познава граници.

– Овој проект, придонесува за културен развој меѓу двете соседни земји, каде се испреплетува историското минато, сегашноста и иднината. Музеите во овој проект се моќни партнери, додека целта е да ги зачуваме, да создаваме нови одржливи практики за интеракција, а наместо историски контрасти, да негуваме заедничката иднина и взаемно почитување, истакна Фазлиу.

Имено, Музејот на албанската азбука со децении ја негува мисијата „потсетување на славниот ден кога беа поставени темелите на современата албанска азбука, дијалогот меѓу различните култури во земјата и во регионот, взаемното почитување и разбирање меѓу различни народи и зачувување и негување на културните разлики“.

Back To Top