skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
МВР: Одделенијата за управни работи ќе работат за викендите кога ќе се гласа за избор на претседател
Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Бранителите на Јанкулоска бараат изземање на судијката Кацарска од случајот „Тенк“

Бранителите на Јанкулоска бараат изземање на судијката Кацарска од случајот „Тенк“
  • 04.09.2018

Бранителот Боро Тасевски, адвокат на обвинетата Гордана Јанкулоска побара изземање на судијката Добрила Кацарска, образложувајќи дека добиле од Комисијата за заштита од дискриминација документ во кој има испратено мислење до бранителот дека се утврдило вознемирување.

-Комисијата наведува дека судот не и го признал правото на бременост и во период од еден месец закажал осум рочишта во услови кога Гордана Јанкуловска била во деветтиот месец од бременоста и дека Судечкиот совет не и ги признал лекарските потврди кои потврдувале ризична бременост и наредил преглед на Клиниката за гинекологија и акушерство, за време на којшто медиумите ја нарушувале нејзината приватност. Како резултат на ваквото постапување, како и закажување на рочиште во 40-тата недела од бременоста на Јанкулоска и уште 23 рочишта од 29 август до 26 октомври, Комисијата заклучува дека судот отстапил од вообичаената пракса на закажување на рочишта и дека постои дискриминаторско однесување и постапување, што доведува до вознемирување и повреда на достоинството на лицето и претставува заканувачка, понижувачка и застрашувачка практика според член 7 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, пишува во образложението што го достави Тасевски.

Судијката Кацарска даде половина час пауза за да се произнесе судот.

На денешното рочиште треба да бидат сослушани шест сведоци предложени од Обвинителството, утре да бидат изведувани писмени докази, а на 10 септември да се започне со сослушување на сведоците предложени од одбраната.

На претходното рочиште беа сослушани вкупно седум сведоци предложени од Обвинителството, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.

Сведоците одговараа на директни и вкрстени прашања од јавниот обвинител Стефчо Донев, адвокатката Сања Алексиќ и обвинетата Гордана Јанкулоска. Во исказите тие го објаснија спроведувањето на јавната набавка на блиндирано моторно возило, која била дел од годишниот план за работа, потоа тендерската документација и нејзиното составување, критериумите и евалуацијата на понудите, како и самото примопредавање на возилото.

Шестмина од сведоците во 2012 година биле вработени во МВР, додека еден бил вработен во Мак Ауто Стар.

Сведоците во своите искази кажаа дека, не ја познаваат лично обвинетата и немале никаков контакт со неа додека таа била на функцијата министер за внатрешни работи.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top