skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Продолжуваат поделбите во ВМРО-ДПМНЕ – Ќе го повика ли Хан Мицкоски да гласа на референдум? (Видео)

Продолжуваат поделбите во ВМРО-ДПМНЕ – Ќе го повика ли Хан Мицкоски да гласа на референдум? (Видео)
  • 14.09.2018

Пред да дојде в понеделник еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан со порака до македонските граѓани – Доколку Македонија ги исполни поставените услови земјата може да смета на почеток на преговори во средината на 2019 година, во спротивно, вратата на ЕУ ќе се затвори „за децении“.

–  Ако сега не се искористи оваа прилика, прилично сум сигурен дека вратата ќе биде затворена со децении, ако не засекогаш. Во политиката треба да се биде внимателен, но во догледна иднина, ќе биде затворена и тоа ќе биде штетно за граѓаните во земјата, вели Хан во интервју за МИА. Во агендата на Хан како и на претходните високи меѓународни гости е средба и со опозицискиот лидер Мицкоски. А претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пак  и понатаму не се изјаснува дали ќе гласа на рефрендумот , туку неизвенсоста ја продолжува се до денот на референдумот – ќе видите на 30 септември дали ќе гласам – повтори деновите неколкупати Мицкоски со што и натаму остана дилемата дали со повикот на ВМРО-ДПМНЕ  секој да одлучи по сопствено убедување, всушност се повикува на тивок бојкот или не.

Ваквата теза високи функционери на партијата и тој самиот ја негираа, но со неизјаснувањето на нивните позиции оставаат простор партиското членство да го толкува повикот од партијата и како повик за апсистенција. И вчера Мицкоски ги повика граѓаните да не подлегнуваат на  притисоците.

Партискиот потпретседател Александар Николовски за Факатор вели дека ги разбира охрабрувањата од меѓународните фактори до владата но тие не сакаат да ги лажат граѓаните бидејќи Договорот е погубен за Македонија

И Собранискиот спикер Талат Џафери вчера на тв Телма посочи дека со таквиот став, ВМРО-ДПМНЕ ризикува – 400 илјади гласачи да останат без водство. Правото на секој граѓанин да учесвствува на референдумот е неприкосновено, затоа апелираме секој да го искористи тоа свое право и да излезе да гласа , бидејќи се одлучува дали ќе останеме стаус кво ситуација по која не можеме да предвидиме каде ќе одиме, рече Џафери за Телма.

Против одлуката – секој да гласа по сопстевно убедување – на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, беа двајца членови – потпретседателот на партијата Митко Јанчев и Костадин Богданов . Не е исклучено деновиве да се обелодени дека и други членови во партијата сметаат дека треба да се излезе на референдумот и да се гласа против со јавно изјаснување за нивната позиција. Од друга страна партиското ракововодство судејки според нивните изјави ке се обидува да го избегне одговорот на прашањето – дали ке гласаат на рефрендумот и наместо тоа фокусот во нивните настапи ке се обидат да го насочат кон партиските противници , критикувајкжќи го работењето на Владата.

Весна Велкова – Тодоровска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top