skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Притвор од 30 дена за Тони Јакимовски и Стево Маџовски

Притвор од 30 дена за Тони Јакимовски и Стево Маџовски
  • 14.03.2019

Судот му одреди 30-дневен притвор на Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинет на поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков. Истата мерка му е одредена и на Стево Маџовски, исто така вработен во УБК. За третоосомничената Кристина Јосифовска, судијата донел одлука да ѝ биде одземен пасошот и да мора да се јавува во судот, а забрането ѝ е и да врши одредени работни обврски поврзани со кривичното дело.

-Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство заради основано сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластување, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска беа спроведени три лица . По прозинесување на лицата во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на Т.Ј. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, на С.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП и за К.Ј го прифати предлогот и определи мерки на претпазливост и тоа Одземање на патната исправа, Обврска за јавување во суд, Забрана за напуштање на живеалиштето и Забрана за вршење определени работни активности поврзани со кривичното дело, се вели во соопштението од судот.

Јакимовски, Маџовски и Јосифовска беа приведени под сомневање дека како вработени во УБК ги злоупотребиле службената положба и овластувањата и го оштетиле буџетот за 825.000 евра, односно во 172 наврати подигнале парични средства за кои поднесувале барања и признаници за износите. На крајот од годината ги уништувале „главните книги за евиденција“ без посебно одобрение од директорот на Управата и без записник, не оставајќи примерок од прегледите, извештаите и главната книга за евиденција.

Тони Јакимовски беше приведен попладнево, откако претходно беше на распит за случајот на СЈО „Таргет-Тврдина“.

Back To Top