skip to Main Content

Притвор од 30 дена за петтемина приведени – дали СЈО ги разниша столбовите на империјата?

Притвор од 30 дена за петтемина приведени – дали СЈО ги разниша столбовите на империјата?
  • 10.11.2018

Бизнисменот Јордан Камчев и директорот на „Стопанска банка – Битола“ Ненад Јосифовиќ први беа префрлени во Шутка откако судија на претходна постапка им одреди 30 дневен притвор за случајот Империја на СЈО. Притвор добија и Цветан Панделески, Тодор Мирчевски и Зорица Арсовска.

Ова е исходот по долгата серија распити во скопска единица која заврши неколку часови по полноќ. Како што известуваа нашите репортери, Игор Стефановски и Јана Јосифовска, иако последен донесен, Орце Камчев беше првиот испрашуван бидејќи се чекаше токму Камчев за да почнат распитите на сите пет приведени лица.

Доцна синоќа специјалната обвителка Катица Јанева излезе од судот и го потврди притворот.

Камчев и Панделески вчера писмено се обратија до јавноста изјавуваќи дека нивните фирми работат според сите законски прописи.

СЈО ги товари за неколку кривични дела, злосторничко здружување, перење пари, измама, злоупотреба на службена положба и овластување, како и оштетување или повластување на доверители.

Освен петтемина спроведени пред судија, во Империја се опфатени и уште 8 други лица меѓу кои и екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, мајката и сестрата на Јордан Камчев.

Истражители на СЈО вчера рано изутрината извршија претрес на 12 локации. Во текот на предистражната постапка, СЈО обезбедило доволно докази од кои произлегло сомнение дека во периодот од 2002 до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

Од СЈО велат дека во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични

Back To Top