skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Грчки воени авиони почнаа да прелетуваат на небото над Македонија за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“
Заев: Ќе има политичка криза ако не добиеме датум за преговори
Бродот на мирот со порака за Договорот од Преспа пристигна на атинското пристаниште Пиреа
Китанов: Автопатот Миладиновци-Штип, според проектот, е готов
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Притвор и за возачот на автобусот на „Дурмо Турс“

Притвор и за возачот на автобусот на „Дурмо Турс“
  • 14.03.2019

Судот му одреди притвор и на возачот на автобусот на „Дурмо Турс“ за автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово кај Ласкарци, во која загинаа 15 патници. Претходно мерка притвор им беше одредена и на сопственикот и на раководителот на компанијата. За уште три лица се прифатени мерки за претпазливост.

-Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице, кои денеска беа спроведени во судот, судија на претходна постапка по произнесување на лицата како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот , донесе решенија со кои : За Д.Б. Р.М. и М.Т го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП. За И.Ѓ. , Г.Д. и Ј.Б. го одби предлогот на обвинителството за определување мерка притвор со тоа што на И.Ѓ. и Г.Д им определи мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП, додека на Ј.Б. му определи мерки на претпазливост и тоа Одземање на патан исправа а, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска повремено да се јавува на службено лице во судот и Забрана за вршење на работни активности. За В.Г. го прифати предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост. Против овие решенија, странките имаат право на жалба, се вели во соопштението на Судот.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top