skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Католиците го слават Велигден
Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија
Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници
За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253
МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Притворот за ексшефот на кабинетот на Мијалков продолжен за уште 30 дена

Притворот за ексшефот на кабинетот на Мијалков продолжен за уште 30 дена
  • 15.04.2019

На Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, судот му го продолжи 30-дневниот притвор. Јакимовски е осомничен за проневера на пари во УБК заедно со уште две лица, на кои исто така им беше продолжен притворот за 30 дена.

Обвинителството образложи дека од јануари 2007 година до мај 2017 година осомничените, со неизвршување на службените должности постапиле спротивно на Упатството за користење средства за посебна намена на УБК.

Осомничените во 172 наврати подигнале парични средства за кои поднесувале барања и признаници за износите што ги подигнувале. На крајот од годината ги уништувале главните книги за евиденција без посебно одобрение од директорот на УБК и без записник, притоа не оставајќи примерок од прегледите, извештаите и главната книга за евиденција.

Со ова, обвинетите предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 50.670.000 денари или приближно 823 илјади евра.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top