skip to Main Content

Приказната на Јасминка Ангелова и нејзината јавна пресметка со полициските структури на претходната власт

Приказната на Јасминка Ангелова и нејзината јавна пресметка со полициските структури на претходната власт
  • 28.04.2018

Во најновото издание на емисијата „Лица“ што ќе се емитува во понеделник во 20 часот и 30 минути, ќе можете да ја слушнете приказната на Јасминка Ангелова.

Од полициски службеник до отказ во МВР и нејзините јавни преписки и пресметки со Министерството за внатрешни работи и неговите структури.

Нејзиниот отпор и глас против неправдите, притисоците и заканите кои ги преживуваше нејзиното семејство, како и физичкиот напад што го доживеа од свој колега полицаец – Јасминка Ангелова е пример за храбра и достоинствена жена која во емисијата „Лица“ ја раскажува сета своја голгота, за денеска да може да каже дека нејзината борба не била залудна.

Back To Top