skip to Main Content

Приведени сопственикот и возачот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци

Приведени сопственикот и возачот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци
  • 14.03.2019

Во врска со автобуската несреќа од 13 февруари, во близина на с. Ласкарци, во која загинаа 15 лица, а десетина беа повредени, полицијата приведе шест лица, меѓу кои е и возачот на автобусот и сопственикот на агенцијата „Дурмо Турс“.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излетал од автопатот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот.

На повредените веднаш им помогнаа мештани од Ласкарци и околината. За спасувањето беа мобилизирани комбиња на брзата помош од „Здравствен дом – Скопје“ и од приватните болници „Неуромедика“ и „Систина“.

Владата ги прогласи за ден на жалост 14 и 15 февруари. На 14 февруари во Гостивар се оддржа комеморативна седница за загинатите во автобуската несреќа, на која присуствуваа претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев, и исто така била прогласена тридневна жалост на ниво на општината.

Back To Top