skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

Прибе: Потребни се независни политичари за владеење на правото

Прибе: Потребни се независни политичари за владеење на правото
  • 11.09.2019

Правниот експерт од Европската комисија Рајнхард Прибе смета дека услов за владеење на правото во земјава се независни политичари.

-Тие треба да имаат политичка воља за да го имплементираат владеењето на правото. На таков начин правниот систем ќе може да воспостави независност. Без демократско управување, не може да постои ниту владеењето на правото, изјави Прибе на меѓународната научна конференција „Доброто владеење и владеењето на правото од перспектива на ЕУ интеграциите“.

Според вицепремиерот Бујар Османи, тоа што на маратонската средба  лидерите на власта и опозицијата не постигнаа договор, нема да влијае врз евроинтегративниот пат на државата.

-Нов закон за јавно обвинителство не е еден од условите за добивање датум за преговори. Се разбира дека е важно законот за ЈО да го усвоивме пред октомври. Тоа што вчера имало долги разговори дава можност разликите да се објаснат и третираат на маса и можност да се продолжат разговорите за да се најде решение, изјави Османи.

Back To Top