skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Преполни траекти со печалбари притигнаа во Драч – меѓу нив и Македонци

Преполни траекти со печалбари притигнаа во Драч – меѓу нив и Македонци
  • 29.07.2018

Во албанското пристаниште Драч претпладнево забележан е рекорден број патници, главно пчелбари, кои со траекти доаѓаат во родниот крај. Меѓу патниците има и поголем број македонски државјани, пред се од Италија и Германија, кои потоа патот го продолжуваат за нивните родни места, каде по традиција го минуваат летниот одмор.

Главно станува збор за печалбари од дебарско-реканскиот крај и подрачјето на Жупа.

Во траектите има и косовски државјани.

Според Капетанијата пристигнале пет траекти со околу пет илјади патници и 1.050 возила.

Попладнево се очекува да пристигнат уште два траекта со околу три илјади патници и 600 возила.

Поради масовното доаѓање на печлбарите, според Капетанијата превземени се сите потребни мерки со цел олеснување на влезот на патниците. Исто така зголемен е бројот на траектите кои сообраќаат на релација Бриндизи-Драч и Бари-Драч.

Back To Top