skip to Main Content

Премиерот Заев на средба со Вишеградската група во Чешка

Премиерот Заев на средба со Вишеградската група во Чешка
  • 12.09.2019
Премиерот Зоран Заев денеска е во еднодневна работна посета на Прага, Република Чешка каде ќе учествува на „Самитот на премиерите на државите од Вишеградската група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан“.
Заев, како што најави владината прес-служба, ќе се сретне со премиерот на Чешка, Андреј Бабиш на работен ручек организиран заедно со премиерите на државите од Вишеградската група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан.

Ова е прва средба на претседателите на владите на земјите од Вишеградската група – Чешка, Полска, Словачка и Унгарија со премиерите на земјите од Западен Балкан.

Тема на состанокот ќе биде јакнење на севкупната политичка и економска соработка меѓу двата региона, а посебен фокус ќе биде ставен на прашањата од областа на инфраструктурата, образованието, финансиската стабилност и климатските промени.

Чешка, како претседавач со Вишеградската четворка, како еден од приоритетите за време на нејзиниот мандат го наведе промовирањето на пристапувањето на Западен Балкан во Европската унија.

Back To Top