skip to Main Content

Премиерно издание на „Уреднички брифинг“ со Ацо Кабранов на „1ТВ“

Премиерно издание на „Уреднички брифинг“ со Ацо Кабранов на „1ТВ“
  • 04.04.2018

Стартуваше емисијата „Уреднички брифинг“ со Ацо Кабранов. Во неа, секоја среда и петок на 1ТВ, од 20.30 часот, со свои гости, Кабранов ќе ги анализира актуелните теми од разни сфери на општеството.

Првата емисија е посветена на Денот на НАТО, а соговорник е Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

Кабранов со Пендаровски ја расчистува дилемата дали во фото-финишот ќе станеме полноправна членка на Северноатлантскиот пакт или ќе ни се повтори Букурешкиот самит.

Пендаровски ги анализира клучните предизвици на Македонија во нејзините активности за приклучување кон Северноатлантската алијанса.

Дали е можен „апгрејдиран статус“ на Македонија во НАТО? Може ли на „мала врата“ и со „трикови“ да се влезе во НАТО? Колку државата треба да биде „скоцкана“ за да биде примена?

Кои реформи треба да ги спроведе Македонија? Продуцира ли Македонија доволно стабилност за да биде членка на НАТО? Каква е ситуацијата во регионот и колкаво е влијанието на Русија во него?

Дали треба да бидеме разочарани ако наскоро не влеземе во НАТО? Дали може да се повтори Букурешт во Брисел? Каква е задачата на одговорните политичари?

 

Back To Top