skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“

Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
  • 27.06.2019

Вториот мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на Република Северна Македонија ќе биде презентиран денеска во Скопје од Институтот за човекови права, СКУП Македонија и Медиум.

Извештајот, како што најавуваат организаторите, содржи информации за надлежностите на Државното правобранителство и тоа во областа на заштитата на  имотните права и интереси на РСМ, особено во постапките за отуѓување на градежното земјиште, постапки за експропријација, денационализација со фокус на постапката во управен спор, мониторинг на судски постапки во кои Државното правобранителство се јавува како застапник по закон на РСМ и/или државните органи со посебен акцент на споровите од работен однос како и посебен осврт на институтот вонсудска спогодба.

Мониторингот на работата на Државното правобранителство е во рамките на проектот „Заедно во борба против корупција“ поддржан од Европската Унија и претставува прво надворешно следење на работата на овој орган од аспект на транспарентност, отчетност и ефективност.

Back To Top