skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Пред Владата ќе биде поставено знамето на НАТО

Пред Владата ќе биде поставено знамето на НАТО
  • 12.02.2019

Пред Владата на Република Македонија денеска на свечена церемонија ќе биде подигнато знамето на НАТО, а најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев.

Од зградата на Владата вчера веќе беше отстранет написот „Влада на Република Македонија“ откако грчкиот Парламент го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.

Се испраќањето на Вербалната нота од Атина со која ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО и дека се исполнети сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, се очекува да почне примената на новото име „Република Северна Македонија“. Потоа во Службен весник ќе биде објавен датумот на влегување во сила на уставните амандмани и уставниот закон.

Двете држави ќе треба да испратат и заедничко писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш со кое ќе го информираат за датумот на влегување во сила на конечната спогодба, со што ќе се стави  крај на повеќедеценискиот билатерален спор. За промената на името ќе бидат информирани и Секретаријатот на ООН, земјите членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останати меѓународни организации.

Од македонска страна веќе е формирана и Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и диоломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата.

Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.

Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top