skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Предметот „Тортура“ на СЈО продолжува на 20 ноември, прегледани неколку видео снимки од МВР

Предметот „Тортура“ на СЈО продолжува на 20 ноември, прегледани неколку видео снимки од МВР
  • 01.11.2018

Случајот „Тортура” на СЈО за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во 2011 година продолжува на 20 ноември, откако на денешното рочиште беа прегледани неколку видео снимки од МВР.

На денешното рочиште беа прегледани неколку снимки од просториите на МВР, како се врши пребројување и внесување во компјутер на сериските броеви од банкноти во апоени од 100 евра.

Пред крајот беше пуштена и друга снимка, на која се гледа како Љубе Бошковски е повторно донесен на паркинг на ресторанот Воденица од ЕБР Тигар, заедно со адвокат.

Од нив се бара да потпишат записници, по што се врши преглед на автомобил „Ланчиа“ со метално сива боја. Од багажниот простор на возилото се вадат документи, облека, неколку чанти и повеќе други работи што се документираат. Доказниот материјал се пакува во присуство на инспектори, адвокатот и Љубе Бошковски, по што Бошковски потпишува извештај.

На сниката се гледа како Бошковски е однесен во насока кон ресторан Воденица, а дел од инспекторите остануваат и го запечатуваат возилото, кое со шлеп служба се носи од паркингот кај ресторан Воденица. Потоа се гледа возилото како се остава на паркинг на МВР.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и за следните рочишта остануваат уште едно ЦД од МВР и снимки од дневниците на телевизиите.

Специјалното јавно обвинителство ги гони поранешен директор на УБК Сашо Мијалков и екс првиот човек на единицата Алфи, Ивица Антевски Пуки и петтмината припадници на „Алфите“ за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top