skip to Main Content

Предложена реформа во судството за полагање правосуден испит

Предложена реформа во судството за полагање правосуден испит
  • 08.05.2019

Министерката за правда Рената Дескоска на денешната седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022 година), со кој од денеска таа претседава, ги информираше членовите на Советот дека Министерството за правда подготвило нов Предлог-Закон за правосуден испит, соопшти владината служба за информирање.

Членовите на Советот, како што се посочува, ги поддржале решенијата содржани во Предлог-Закон за правосуден испит.

На денешната седница на Советот, биле разгледани и резултатите од „пилотирањето на Матрицата за оценка на перформансите на Јавното обвинителство“.

Back To Top