skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Предистражна постапка и за снимката и за содржината – ДУИ бара ветинг за сите, а ВМРО ДПМНЕ е за метла

Предистражна постапка и за снимката и за содржината – ДУИ бара ветинг за сите, а ВМРО ДПМНЕ е за метла
  • 16.05.2019

Пратеникот Павле Богоевски денеска дал исказ пред надлежен јавен обвинител за двете дела, за нелегално прибавената аудио снимка и за нејзината содржина – потврдува шефот на скопското јавно обвинителство за 1ТВ. Обвинителството отворило предистражна постапка. За нелегално прибавената снимка се чека МВР да го открие идентитетот на лицето кое ги објавило снимките, а за содржината ќе бара доказен материјал кој во мометов го нема. И додека обвинителството истражува, не стивнуваат реакциите од опозицијата и јавноста. Опозициската ВМРО ДПМНЕ со метла пред Собранието побара Заев да го „смете“ пратеникот Павле Богоевски, иако премиерот нема ингеренции да чисти во законодавниот дом. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ велат дека Богоевски признал кривично дело.

Спикерот Џафери на прашањата на новинарите одговори дека нема основ во Собранието да се поведе постапка, а пратеникот на ДУИ Артан Груби побара ветинг на сите пратеници и јавни функционери.

Од пратеничката група на владејачката партија за 1ТВ велат дека очекуваат надлежните институции да го разрешат случајот и додаваат дека законите важат за сите.

„Ако прашувате за моралните аспекти, тие се на личната совест на секој пратеник, како и на секој друг човек“ вели за 1ТВ координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Либерал демократите пак најавија предлог закон за легализација на марихуаната, измени во легислативата за кои долго се зборува.

Скандалот со аудио снимката на Богоевски доаѓа во време кога повторно се актуелизира одземањето на мандатот на бегалецот Груевски, а токму Богоевски е претседател на надлежната собраниска комисија. Опозицијата најави дека ќе бара негово изземање и ќе бара во понеделник друг да заседава.

Кристина Атовска

Back To Top