skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Преговорите за СЈО во ќорсокак

Преговорите за СЈО во ќорсокак
  • 20.05.2019

Преговорите за СЈО меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во ќорсокак. Станува се понеизвесно кога ќе се сретнат работните тимови. Барањата на опозицијата, СЈО да не функционира самостојно, туку да стане дел од обвинителството за организиран криминал и почнатите предистраги, истраги и обвиненја по 18 месеци од работата на СЈО да прекинат или да почнат од почеток, се неприфатливи за власта.

Меѓу постапките и истрагите кои СЈО веќе ги води против високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се Талир, Титаник, Империја.

Судски извори велат дека доправа треба да се отвораат и предмити во кои ќе бидат вклучени и високи функционери на ДУИ. Најверојатно токму затоа на СДСМ и тешко му оди обезбедувањето на двотретинско мнозинство за законот за Јавно обвинителство кое го бара ЕУ.

Неофицијално собраниски извори се сомневаат и за 1тв брифираат дека најверојатно постои коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ против СЈО. И двете партии би биле пресеќни доколку оформените предмети на СЈО или пак оние кои допрва треба да ги покрене со индиции од бомбите поеќе не постојат. Но поинаков е ставот на власта, тие бараат продолжување на СЈО за судска разврска на предметите.

Министерката за правда Рената Десковска неодамна за 1 тв рече дека тешко одат преговорите меѓу преговарачките групи.

Најжешкиот костен е регулирањето на статусот на СЈО имате конфликт на интереси на луѓе кои треба да гласаат во парламентот. Но многу серозни се укажувањата на меѓународната заедица особено на ЕУ дека регулирањето на статусот на СЈО на начин кој ќе значи да нема никаква скриена амнестија во законските одредби кои ќе овозможои одржливост на органот како траен орган и продолжување на судските постапки е клучно за отворањето на преговорите во јуни.

Тука реално ќе се види колку на политичките партии, на претениците  им е декларативна одредбата или определбата за еу интеграцаии а колку се искрени и релани во тоа. Тука треба да се стават на вага одредени партиски интереси или интересите на државата да продолжи по патот на еу интеграцаиите така да очекувам сами да се преслушаат, рече Дескоска.

Во последно време се почесто од најразлични причини се одложуваат предметите на СЈО. Во судските кругови тоа се толкува и како извесно тактизирање на третата власт околку натамошната судбина на СЈО. Засега молчат и во обвинителството кои го очекуваат донесувањето на законот за Јавно обвиителство во кој пакет се наоѓа и СЈО. На последната средба на двата тима пред десеттина дена нема поместувања. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на 65 амандамни поднесени до Министерството за правда, но сеуште очекуаат одговор дали и што е прифатено.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top