skip to Main Content

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дискусија за уставните измени

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дискусија за уставните измени
  • 17.10.2018

1ТВ дознава дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дискусиите за уставните измени. Денеска во Сорабнието тече третиот ден на дебата со единствена точка на дневниот ред  Предлог за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија

Бранко Манојловски од ДУИ рече дека е потребна амнестија за да се деблокираат евроинтеграциските процеси. Тој побара да се даде амнестија на сите од ВМРО-ДПМНЕ кои се огрешиле, бидејќи како што рече доволно пропатиле и поефтино е. „Бидете практични драги деца“, рече Манојловски.

Како претставник на Коалицијата за подобра Македонија зборуваше Панчо Минов од ГРОМ кој рече дека е конзистентен на ставот против уставните измени. Тој понуди неколку предлози меѓу кои прифаќањето на името Република Северна Македонија за домашна употреба да почне да се применува по зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО. Министерот за надворешни работи Никола Димитров во реплика до Минов кажа дека повторното отворање на процесот е голем ризик, а примената на името Република Северна Македонија ќе се постигне со самиот процес на ратификацијата овде и во Грција.

Back To Top