skip to Main Content

Пратениците купија маички за помош на децата на Клиниката за онкологија

Пратениците купија маички за помош на децата на Клиниката за онкологија
  • 23.07.2018

Со купување маички на која е насликан сончоглед пратениците од Собранието на Република Македонија се вклучија во кампањата за помош на децата хоспитализирани на Клиниката за онкологија при клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Пред почетокот на денешното продолжение на 53-та седница претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека кампањата се одвива преку купување маичка, која чини 1.230 денари. Сите средства  што ќе бидат собрани од продажбата на маичките директно ќе се донираат за оваа кампања.

Настанот што се одржа во сала „Македонија“, како што рече Џафери, учествуваа сите 120 пратеници од Собранието претставувајќи ги граѓаните од Република Македонија, како и дел од собраниските служби.

– Овој настан уште еднаш ја потврди волјата и желбата на сите пратеници активно да учествуваат во кампањата со која се помага на оние на кои им е напотребно, рече Џафери.

Вакви маички беа поставени пред пратениците на СДСМ, Хари Локвенец и Мухамед Зеќири.

Оваа активност е во рамки на хуманитарната кампања „Македонија ти си сончоглед“ што ја спроведува фондацијата „You are Sunflowеr“ чија цел е подобрување на условите за лекување на децата од најтешките болести, како што се ракот или леукемијата.

Back To Top