skip to Main Content

Пратениците го изгласаа и вториот нацрт-амандман за АСНОМ и впишување на Охридскиот рамковен договор

Пратениците го изгласаа и вториот нацрт-амандман за АСНОМ и впишување на Охридскиот рамковен договор
  • 02.12.2018

Со 65 гласа „за“ 18 „против“ и 8 „воздржани“ Собранието го утврди вториот нацрт-амандман за уставните измени, со кои се интервенира во Преамбулата на Уставот и зборовите „Одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ“, како и се додава Охридскиот pамковен договор.

Претходно пратениците го утврдија и првиот нацрт-амандман за промена на името од „Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“.

По второто гласање, собранискиот спикер Талат Џафери ја затвори денешната седница.

Back To Top