skip to Main Content

Пратеникот Милошоски ја дезинформира јавноста, во тоа му помагаат некои медиуми

Пратеникот Милошоски ја дезинформира јавноста, во тоа му помагаат некои медиуми
  • 19.06.2019

Пратеникот Антонио Милошоски на својот Твитер профил објави пост во кој кажува дека на вчерашниот ЕУ Совет 7 членки биле против за датум за преговори  со Северна Македонија и Албанија. Во постот има објавено и исечок од слика на која стои наслов: Франција и Гермнаија истурија ладна вода на Балканските надежи за брзо пристапување кон ЕУ.

Порталот Република прв ја пренесе оваа дезинформација, а потоа ја споделија КурирЛидерМакфаксПлусинфоТочка24ИнфоСигналМагазинМакпресМаркукулеЕмагазин.

Сликата која пратеникот ја искористил во својот пост не се однесува на вчерашниот совет. Тоа е слика објавена на порталот Financial Times која се однесува на Балканската конференција во Берлин на 29-ти април 2019. Со самото тоа што пратеникот објавил слика од конференцијата во Берлин, а зборува за Европскиот Совет, неговиот пост е дезинформација.

Дека на ЕУ Советот сите земји биле согласни за почеток на преговорите изјави премиерот Заев.

Дополнително во текст објавен од МИА се наведува следново:

Ниту една држава не изразила сомнеж дека РСМ ги исполнила сите задачи. Холандија изразила очекување да се донесе Законот за ЈО, но без негативен став и со согласност за почеток на преговорите годинава. Најмногу за нас се бореа: Грција, Австрија, Словенија, Словачка, Луксембург, Унгарија, Романија, Малта, Балтичките држави и Хан. Бугарија крајно позитивно, Франција воздржана со барање на повеќе време за одлука за двете држави. Грција, Австрија, Словенија и Унгарија жестоко позитивно за нас. На крајот, заклучокот е донесен со консензус, сите се ЗА позитивна одлука во октомври и почеток на преговорите до крајот на годината.

Сите држави се согласија да го дополнат заклучокот со посебно признание за Преспа и за Договорот со Бугарија. Сите ги поздравија и потврдија резултатите од реформите. Сите се обврзаа да се донесе јасна и суштинска одлука во октомври.

Сите во своите излагања ги поздравија реформите кај нас, а одлуката за двете држави ќе се донесе во октомври.

Пратеникот Милошоски со дезинформација се обидува да влијае врз јавното мислење и да ги наведе граѓаните на погрешен заклучок. Во овој обид му помагаат повеќе медиуми кои не ги консултираат и другите засегнати страни, со што соучествуваат во ширење на дезинформации и погрешно информирање на јавноста.

Back To Top