skip to Main Content

По 6 месеци конечно погребани загинатите мигранти

По 6 месеци конечно погребани загинатите мигранти
  • 17.12.2018

Двајцата мигранти кои на 25 јуни годинава загинаа на магистралниот пат Радовиш – Штип, по 6 месеци конечно се погребани. Телата на Сухел Ахмет и Ахмет Шакир од Бангладеш цели шест месеци беа чувани во коморите на АД Бутел, прво поради неможноста на обвинителството да ги идентификува мигрантите, а потоа поради долгот кон Бутел. Одлуката за погребување на загинатите мигранти е донесена откако Основното јавно обвинителство потврдило дека телата се идентификувани и дека може да се погребаат. За овој случај предмет отвори и Народниот правобранител кој побара од сите надлежни да бидат хумани и да го овозможат погребот на загинатите мигранти. Според здружението Легис кое алармираше за случајот, ова е преседан кој не смее да се повтори. Минатиот месец во нашето студио Мерсиха Смаиловиќ од Легис алармираше дека не смее да се дозволи телата да бидат ставени во масовна гробница бидејќи тоа би било прекршување на човековите права. Според проценките, над 1 милион мигранти поминале низ земјава за време на бегалската криза, а 28 го загубиле животот на територијата на Македонија.

Кристина Атовска

Back To Top