skip to Main Content

По патот на бегството на Никола Груевски очекувајте вклучување на екипите на 1Тв од граничниот премин во Црна Гора

По патот на бегството на Никола Груевски очекувајте вклучување на екипите на 1Тв од граничниот премин во Црна Гора
  • 16.11.2018

Од денот кога Груевски на својот ФБ профил објави дека се наоѓа во Будимпешта 1Тв ја следи рутата која најверојатно тој ја искористил да ја напушти Македонија и да избега од рацете на правдата.

Последните информации кои што ги потврдија и албанската и црногорската полиција се дека Груевски минал низ нивна територија за да стигне до Будимпешта. Кој му помогна на Груевски истражува и македонското МВР кое преку две истраги ќе докажува дали бегалецот Груевски имал логистичка поддршка од вработени во полицијата.

1ТВ тековно известува за случајот кој ја потресе Македонија, регионот и цела Европа и го вклучи црвениот аларм за дејствувањето на тајните служби на соседните држави, бидејќи Груевски успеа да ја напушти Македонија неприметно и преку две земји членки на НАТО да пребега и да побара азил во земја членка на ЕУ.

Back To Top