skip to Main Content

По ГОЛЕМОТО НЕВРЕМЕ во Крива Паланка во најава е ново НЕВРЕМЕ со обилни дождови, силни грмежи и град

По ГОЛЕМОТО НЕВРЕМЕ во Крива Паланка во најава е ново НЕВРЕМЕ со обилни дождови, силни грмежи и град
  • 15.06.2019

Под влијание на висински циклонски систем од утре попладне па во следниот период следува значително понестабилна атмосфера па така особено од пладневните чаови па натаму на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално поради големата енергија која ќе ја има во атмосферата процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во незначително опаѓање што значи топлото време со летни температури и понатаму продолжува.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во текот на следниот период во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја поради тоа што и тоа како атмосферата е загреана и исполнета со енергија поради топлотниот бран што изминативе денови ја зафати нашата држава.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top