skip to Main Content

По протестот во Солун против Договорот со Македонија фрлена боја врз споменикот на Холокаустот (Фото)

По протестот во Солун против Договорот со Македонија фрлена боја врз споменикот на Холокаустот (Фото)
  • 28.06.2018

За „грчкиот карактер на Македонија“ и против Договорот од Преспа, граѓаните во Солун вчера одржаа протест пред Министерството за Македонија и Тракија.

Со чадори и грчки знамиња во рацете стотици Грци и покрај дождот извикуваа слогани дека Македонија е грчка и дека не се согласуваат со потпишаниот Договор.

Собирот заврши со протест низ улиците на Солун, а мали инциденти се случија кога група од 50-ина лица, според солунските медиуми, нападнале припадници на анархистички организации, без да има повредени.

По завршувањето на собирот, непознати лица фрлиле боја врз споменикот на Холокаустот во центарот на Солун.

За конкретниот инцидент, преку Твитер, реагираше владиниот портпарол и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, упатувајќи обвинувања до Нова демократија.

– Нова демократија веднаш да го осуди сквернавењето на споменикот на Холокауст во Солун од страна на фашистите. Да престане да им нуди политичка покритие и легитимитет, напиша Ѕанакопулос.

 

Back To Top