skip to Main Content

Почна предреферендумскиот молк

Почна предреферендумскиот молк
  • 28.09.2018

Од полноќ започнa молкот за референдумот што ќе се одржи в недела на 30 септември.

Завршени се сите активности на учесниците во кампањата. Според Роковникот на ДИК молкот пред референдумот почнува 48 часа пред одржувањето на референдумот.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера извести дека кампањата „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и во петок и во сабота иако веќе ќе биде молк пред референдумот.

Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“

Референдумот ќе го надгледуваат околу десет илјади македонски и речиси 500 странски набљудувачи.

Back To Top