Поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорд Робертсон во посета на Македонија

Премиерот Зоран Заев ќе прими висока делегација предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО Лордот Џорџ Робертсон.
Во делегацијата која ја предводи Лорд Робертсон, ќе допатуваат и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Лордот Кристофер Геијд, поранешен приватен секретар на Кралицата на Обединетото Кралство и член на Горниот Дом на британскиот парламент, Роберт Гелбарт, амбасадор и член на Атлантскиот Совет, Ален Ле Роа, амбасадор на Република Франција, Генералот Берни Вајт Спанер, поранешен Командант на британските копнени сили, Зоран Чичак, советник за надворешни работи, Марк Лејти, поранешен специјален советник за комуникации на Генералниот Секретар и портпарол на НАТО, како и Сара Баденбо, како претставник на Дејмон Вилсон, Заменик Претседател на Атлантскиот Совет на САД.
Делегацијата ќе одржи и панел дискусија на која ќе учествуваат Заменик претседателката во Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, Лорд Џорџ Робертсон, Росен Плевнелиев, и Ален Ле Роа, а потоа за нив ќе биде организиран прием на кој домаќин ќе биде премиерот Заев.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.