skip to Main Content

Попоски во Студио 1: Зимски циклон „Ален“ во мај, затоплување од среда

Попоски во Студио 1: Зимски циклон „Ален“ во мај, затоплување од среда
  • 02.05.2019

Метеорологот Славчо Попоски беше гостин во Отвореното Студио 1 каде ги соопшти најновите информации за временската прогноза.

Веќе од петок и за викендот Балканот ќе биде зафатен од циклонот „Ален“, кој прво ќе предизвика дожд, а од недела кон понеделник ќе се спушти постуден воздух, ќе има пад на температурите и на повисоките места и планините поинтензивни врнежи од снег. Кај нас овој викенд очекуваме поинтензивни врнежи од дожд со појава на невреме, заладувањето ќе стигне понеделник кон вторник каде се очекува врнежите од дожд да преминат во снег.

Во текот на следната недела ќе има променливо време. Од среда се очекува затоплување на времето. Според подолгорочните анализи, од јуни очекуваме потопло време и се очекува летово да има повеќе топлотни бранови со што ќе има температури над 40 Целзиусови степени.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top