skip to Main Content

Полскиот амбасадор Мултановски на проштална средба со Димитров

Полскиот амбасадор Мултановски на проштална средба со Димитров
  • 25.06.2018

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.

Како што соопшти МНР, Димитров изрази благодарност за успешниот професионален и личен ангажман на амбасадорот Мултановски во продлабочувањето на севкупните односи помеѓу двете земји, како и силната поддршка на Полска за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, притоа посакувајќи му успех во неговите идни професионални активности.

– Заблагодарувајќи се за добрата и пријателска соработка, амбасадорот Мултановски нагласи дека и по неговото заминување, останува силниот интерес за натамошно интензивирање на соработката во сферата на економијата, образованието, културата и туризмот помеѓу Република Полска и Република Македонија, се наведува во соопштението.

Back To Top