skip to Main Content

Полицијата фати измамени мигранти, оставени на автопатот Куманово-Табановце

Полицијата фати измамени мигранти, оставени на автопатот Куманово-Табановце
  • 13.07.2018

Припадници на граничката полиција фатија 13 мигранти од Ирак завчера изутрината во близина на бензиската пумпа на автопатот  Куманово-Табановце.

Мигрантите се фатени по добиени оперативни сознанија за криумчарење на мигранти од страна на полициски службеници од гранична полиција – Регионален центар – Север.

Мигрантите биле без документи, деветмина од нив биле мажи, две жени и две деца.

Тие се движеле во правец од Куманово кон патниот премин Табановце.

Едно лице, кое било дел од групата, македонски државјанин, кој требал да ги смести мигрантите во реонот на село Ваксинце, претходно ги оставил и побегнал.

Мигрантите се сослушани. Тие изјавиле дека од страна на непознатото лице биле транспортирани од јужната граница кон ГП-Табановце со патничко моторно возило марка „Ауди-А8“.

Според нивното кажување непознатото лице им се заканувало и од секој поединечно зел по 3.000 евра за да ги спроведе од грчката граница до Белград.

Според нивниот исказ истиот ги измамил и насилно ги растоварил во близина на бензинска пумпа во правец на ГП Табановце.

По превземените оперативни мерки и активности, и извршените проверки констатирано е дека станува збор за лицето Ф.В. (35) од скопско Студеничани.

Од страна на Регионалниот центар за гранични работи – Север поднесено е известување до ОЈО за ООК-Скопје.

По насоки од јавен обвинител за ООК, лицата мигранти како жртви на криумчарење привремено се сместени во Прифатниот центар за странци -Скопје.

Back To Top