skip to Main Content

Полицијата со солзавец ги разбива демонстрантите

Полицијата со солзавец ги разбива демонстрантите
  • 17.06.2018

Полицијата со солзавец почна да ги разбива демонстрантите пред Собранието. Голем полициски кордон ја потиснува агресивната толпа, која ги разби барикадите пред Собранието, а фрлаше со шок-бомби и камења кон полицијата. Центарот на градот е како мал Бејрут, демонстрантите, најголем дел од навивачката група Комити е разбегана низ околните улици. Граѓани очевидци кои поминуваат низ центарот за 1Тв сведочат дека пред Собранието има облаци од чад, а поради солзавецот се жалат на печење во очите

Непознати лица го нападнаа снимателот на 1Тв пред Собрание. Демонстрантите почнаа да фрлаат со мали експлозиви и камења кон полицискиот кордон и Собранието. Во обид да ја долови атмосферата и да го сними настанот, снимателот на 1Тв е нападнат од неколку демонстранти. Како што јавува нашиот репортер од теренот, демонстрантите му се заканиле на нашиот снимател со наредба да престане да снима и по упатените пцовки и навредливи зборови, го турнале на земја по што се здоби со повреда на рбетот.

Нашата екипа јавува дека тензиите пред Собрание зовриваат.

Нашата екипа од терен јавува дека демонстрантите пред Собранието ја турнале заштитната ограда пред Собранието, а во моментов полицијата со заштитни штитови го брани Законодавниот дом. Кон полицијата се фрла со мали експлозиви и камења а се палат и бакли.

Back To Top