skip to Main Content

Пожар на Клиниката за детски болести, нема повредени

Пожар на Клиниката за детски болести, нема повредени
  • 01.09.2019

На одделението за хематолошки болести при Клиниката за детски болести, вчеравечер избил пожар на терасата на првиот кат. Против пожарната екипа веднаш интервенирала и го локализирала пожарот.

Не е предизвикана никаква материјална штета.

-Со оглед на тоа што одделението се реновира и нема хоспитализирани деца, нема ниту повредени пациенти. Останатите деца кои во моментов се хоспитализирани на Клиниката по другите оддели се во добра состојба“, се вели во соопштението на Клиниката за детски болести.

Причините на пожарот ќе ги утврдат надлежните институции.

Back To Top