skip to Main Content

Пожарот во резерватот „Езерани“ изгаснат

Пожарот во резерватот „Езерани“ изгаснат
  • 30.03.2019

Пожарот што денес беснееше во резерватот „Езерани“ крај Преспанското Езеро е изгаснат. Ова го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, кој гостуваше во Централниот дневник на 1ТВ.

-Нема никаква штета направена, пожарот не е стигнат до резерватот Езерани. Сѐ е во ред и огнот е ставен под контрола уште на пладне, истакна Џафероски.

„Езерани“ е значајно подрачје за развој на птици, каде, според Планот за управување, има појас на трска од 262 хектари. Трската се смета за прочистувач на водата, живеалиште и место за размножување на дивиот жив свет во Езерани. Во изминатите години имаше случаи на намерно потпалување на трската од непознати сторители и се претпоставуваше дека на тој начин се обезбедува поголем простор за пасење на добитокот. Но, на влезот од паркот несовесни жители од околните села создаваат депонии кои се лесни за потпалување.

Back To Top